Полицијата ќе му поднесе пријава

Приведен гостиварец, плаќал со фалсификувани евра

Гостиварската полиција привела лице за кое постои сомнение дека во повеќе наврати плаќал со банкноти од фалсификувани евра.

Според СВР Тетово, вчера околу 10 часот и 40 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране. За него постојат основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари" и во три наврати, во аптека и два маркети, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена пријава.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе