Приведен гостиварец баран по потерница откако побегнал од затвор

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги денеска на ул.„Шуматоска“ во Гостивар, го лишиле од слобода М.А.(58) од Гостивар, затоа што се барал по распишана централна потерница од МВР, а по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради бегство од затвор.

Тој бил осуден на четири години казна затвор по член 215 од Кривичниот законик и се бара за доиздржување на казната.

М.А. бил предаден во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа.

 

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе