Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница вчера го лишиле од слобода С.Д.(37) од Виница. При претрес во дом и други простории во Виница, што ги користел С.Д., извршен по судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени ампули со кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.