При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот.
Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста" и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Н.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.