Приведен дилер од Тетово

Тетовската полиција приведе едно лице од Тетово откако при претрес во неговиот дом пронашла пакувања со марихуана.

„Полициски службеници од СВР Тетово денеска во период од 16 часот и 30 минути до 18 часот, извршија претрес во домот на Е.А. (26) во Тетово. При претресот, реализиран со  судска наредба, пронајдени се 44 пакувања со марихуана. Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење“, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството посочуваат дека по целосно документирање на случајот на Е.А. ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик. сст/дма/

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе