Приведен дилер од Синѓелиќ, полицијата во неговиот дом нашла 4,5 килограми хероин и 1 килограм кокаин

При претрес во домот и други простории на 27-годишниот Е.М. од Синѓелиќ, Скопје полицијата пронашла бункери во кои имало околу 4,5 килограми хероин и околу еден килограм кокаин, како и оружје, информира МВР.

„Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата. При претресот, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири ипол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба. При претресот се пронајдени и пиштол магнум 357, пиштол ХС и пакувања со околу 200 куршуми“, пишува во соопштението од МВР.

Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе