Приведен дилер од Кичевско, запленети околу 600 грама хероин

СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А. (38) од с. Гарани, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Вчера полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.А. откако претходната вечер, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани и при претресот се пронајдени околу 600 грама хероин, стебла од канабис и други предмети.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе