Приведен дилер на марихуана од Подареш

Во село Подареш, радовишко, денеска  полицajјци од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.П. (34) од ова село.

При претрес во куќата каде живее, дворно место, помошни простории и две возила извршен со судска наредба, биле пронајдена и одземена марихуана (околу 255 грама), дигитална вага, а имало и импровизиран простор за обработка на марихуаната.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе