Поднесена кривична пријава

Приведен дилер на хероин од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори", соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Посочија дека синоќа полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Одделот за крим полиција, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот на ул.„Петар Дељан“, каде престојува пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени 84 грама хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. С.И. бил лишен од слобода, а по извршеното вештачење, по насоки на Јавен обвинител, поднесена е кривична пријава“, наведоа од МВР.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе