Приведен дилер на дрога од кичевско, пронајдени седум ќеси дрога

Синоќа околу 22 часот кичевската полиција го лишила од слобода Г.Д. (43) од кичевското село Гарани.

При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот автомобил „Мерцедес" со кичевски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле и одзеле седум ќеси со бела прашкаста материја.

Како што информира денеска МВР, исто така, при претрес извршен во неговиот дом, биле пронајдени и одземени куршум калибар 7,62 милиметри, 42 банкноти од различни валути и апоени, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе