Приведен дебранец откако физички го нападнал татко си

Во полициската станица во Дебар е приведен дебранец поради физичики напад на својот татко.

„Денеска околу два часот во полициската станица е приведен А.Л. (34) од Дебар кој претходно, во семејниот дом, физички го нападнал својот татко. Против него дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава“, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој информираше и околу спроведената акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, реализирана синоќа од 20 до 2 часот.

„Во акциската контрола од страна на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар, контролирани се 16 патнички моторни возила, а извршени се и 12 алкотестирања на возачи. Констатирано е дека еден возач управувал моторно возило под дејство на алкохол“, изјави Димоски.

Додаде дека возачот е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе