Приведен битолчанец што украл ѓердан од вратот на сопственичката

Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Е. (22) од Битола поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело разбојништво. 

Фото: Роберт Атанасовски

Пријавениот на 9 септември околу 18.45 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и ѝ го скинал и одзел златниот ѓердан. 

По преземените мерки и активности О.Е. бил пронајден и приведен.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе