Бил осуден на затвор од една година

Приведен бегалец баран по потерница за трговија со дрога

Полицијата вчера во 21:10 часот во Желино привеле 33 годишник од тоа место кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". Тој бил осуден на една година затвор.

„Службенци од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с.Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори" по член 215 од Кривичниот законик“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осуденикот бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе