На граничниот премин „Ќафасан“

Приведен aлбански државјанин кој е баран од Интерпол-Атина

Полициски службеници денеска во 01:30 часот на влезот во Северна Македонија, на граничниот премин „Ќафасан" го лишиле од слобода и привеле Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија.

Како што соопштија од МВР, при пасошка контрола на ова лице, било констатирано дека се наоѓа на Стоп – листа со мерка „Апси" по барање од Интерпол-Атина, Република Грција.

Во 05:30 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе