Приведен 67-годишен жител на Лојане, при претрес дома му нашле оружје

67-годишниот З.И. од с.Лојане бил приведен денеска, откако во неговиот дом е пронајдено оружје, информира МВР.

„Денеска во 08.35 часот во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово го лишиле од слобода З.И.(67) од с.Лојане.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол ‘чешка зброевка‘, две рамки за пиштолот и 50 куршуми калибар 9 мм, кои ги поседувал без дозвола“, се наведува во соопштението.

ој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе