Приведен 26-годишник кај кого се најдени 44 пакувања марихуана

Тетовски полицијци денеска по претрес на дом на 26- годишник од градот најдоа 44 пакувања со марихуана, по што осомничениот е приведен. Претресот бил извршен  со соодветна судска наредба.

„Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 16.30 до 18 часот извршија претрес во домот на Е.А. (26), на улица „Браќа Миладинови” во Тетово. При претресот, пронајдени му се вкупно 44 пакувања со марихуана. Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документурање на случајот, на осомничениот ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе