Приведен 20-годишник од Битола - Нападнал стара жена во Кичево и ја ограбил

Вчера во 10.00 часот на ул.„Прилепска" во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Битола, информираат од МВР.

Тој се сомничи дека околу 02.30 часот со метален предмет ја нападнал И.И.(68) од Кичево. Според пријавеното, И.И. го забележала Б.Б. како претура во метален шкаф пред влезната врата од нејзиниот дом, кој потоа ја нападнал со метален предмет, по што одзел велосипед и побегнал.

И.И. била пренесена во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, а по преземени мерки Б.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе