Тој се сомничи дека на 24.09.2022 со употреба на сила се обидел да одземе паричник од 45-годишна гостиварка. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.