Притворен Турчин, фалсификувал зелени карти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против О.Х.(58) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа".

Полицијата информира дека на 06.01.2019 година во 9,30 часот на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно возило „Ивеко“, управувано од пријавениот, а кое вршело транспорт на товарно моторно возило – дампер „Волво“, полициски службеници констатирале дека меѓународните зелени карти за двете товарни возила биле фалсификувани,  додека кај товарното возило „Волво“ било констатирано дека бројот на шасијата oтстапува од оргиналниот број.

Судијa на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе