Во близина на трговскиот центар „Мавровка“ вчера во 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „Крсте Мисирков“, соопштија денеска од МВР, било сопрено патничко возило управувано од Ф.Г., а како совозач бил Б.К. кај кого при преглед била пронајдена марихуана и со потврда за привремено одземени предмети била одземена.
Истиот ден, по издадена судска наредба од Кривичен суд Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршиле претрес на домот на пријавениот во Скопје.
„При претресот во подрумските простории пронајдени биле: пиштол марка „P.Beretta – Mod 950 B – Cal. 6.35“ со една празна рамка за истиот, револвер со натпис „ZBrno“ модел Grand, шест куршуми кратко зрно, 15 куршуми нн марка и калибар, 322 куршуми долго зрно и марихуана. Б.К. е приведен и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор“, соопшти МВР.