Обвинителство од Кавадарци

Притвор заради полов напад на деца

По барање на Обвинителството од Кавадарци на 41-годишно лице судот му определи мерка притвор поради тоа што е отворена постапка против него за полов напад на деца на возраст од 5 и 7 години, а децата - жртви ги снимал и на својот мобилен телефон.

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон“, соопштува Обвинителството.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот, страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

„Основниот суд Кавадарци со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, наведува Основното јавно обвинтелство Кавадарци.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе