Притвор за скопјанец кој што во голф криел пиштол

Велешкото Оновното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 26-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење и тргување со оружје.

Осомничениот на 19 мај годинава во својот автомобил „голф 5", во просторот под воланот, каде што се наоѓа механизмот за дотерување на висината, држел пиштол „берета – арми рома", во калибар 7,65 милиметри, во кој имало и рамка со 8 куршуми.

Оружјето било пронајдено од страна на полицајци од СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес – Скопје, кај наплатната станица „Отовица".

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци (сопатниците во автомобилот) и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, Основниот суд во Велес на скопјанецот му определил притвор во траење од 30 дена.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе