МВР

Притвор за скопјанец кој се обидел да прокриумчари 14 мигранти

Скопјанецот Р.Ф.(41) е притворен откако полицијата го уапсила во саботата на автопатот Гевгелија–Скопје додека со автомобил се обидувал да прокриумчари 14 мигранти.

Регионалниот центар за гранични работи-Југ до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) за криумчарење мигранти. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е одреден притвор од 30 дена.

Полицајци од ПС за Граничен премин и Граничен надзор- Богородица, во саботата во 17.30 часот кај селото Прдејци, забележале автомобил „хонда" со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се движи кон Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката за Миравци, возилото сопрело, мигрантите излегле, а возачот повторно го стартувал автомобилот и продолжило со движење.
По кратко време полицијата го сопрела автомобилот што го управувал Р.Ф.(41) од селото Сингелиќ.
Биле пронајдени и 14-те мигранти, од кои 11 од Авганистан и тројца од Пакистан.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе