Притвор за шверцер на мигранти

Вчера во 03.00 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Н.М.(21). При проверка било констатирано дека за него бил распишан централен распис за сторено кривично дело по член 418-б од Кривичниот законик, за криумчарење на мигранти.

Од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија против Н.М. е поднесена кривична пријава, а од Основен суд Скопје му е одредена мерка притвор.

Тој бил предаден во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе