Притвор за пиштолџијата од скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против пиштолџијата кој вчера во селото Бојане по расправија пред селскиот бунар, со пиштол и полуавтоматска пушка пукал кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Судија по претходна постапка му определи 30 дневен притвор.

Како што соопшти ОЈО, осомничениот на 14 август, во скопското село Бојане, во близина на селскиот бунар каде биле собрани повеќе луѓе, започнал вербална и физичка расправија со едно лице.

По ова, со полуавтоматски пиштол „Застава М57“ кој го поседувал без дозвола, испукал неколку проектили кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „Застава М70Б1“, кое оружје им е забрането на граѓаните. Во дворот тој испукал неколку проектили во воздух, информираат од ОЈО.

Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе