Притвор за насилник: Со стаклена чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за сторени три кривични дела и тоа, насилство, телесна поврeда и самовластие.

Осомничениот околу 20:30 часот на 5-ти декември, во домот на оштетените во Гевгелија, по вербална расправија физички ги нападнал двете оштетени и тоа во присуство на шестгодишното дете на една од оштетените. Тој со удари со стаклена чаша нанел физички повреди кај двете оштетени, притоа предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозување и страв. По нападот, осомничениот одзел банкнота од 200 евра и мобилен телефон марка Ајфон X11, сметајќи дека прибавува право кое му припаѓа. Се упатил кон излезот и почнал да бега по скалите во колективната станбена зграда каде го сретнал и третиот оштетен, па и него физички го нападнал.

Со оглед на тоа што на осомничениот за кој се води постапка за други кривични дела од судот му биле определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува на овластено службено лице и привремено одземање на патна исправа, а кои осомничениот не ги почитувал, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор, за што достави предлог до судот. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 8 дена.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе