МВР билтен

Притвор за млад неготинец кој со нож се заканувал во казино

24-годишен неготинец е приведен за разбојништво во казино во Неготино.

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело –  разбојништвото во казино во Неготино.

Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканувал на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што осомничениот ја отворил касата и ги земал парите во износ од 324.700 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оценил дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.  Судијата на претходна потсапка при Основниот суд Велес го прифатил предлогот на Обвинителството и на обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе