Притвор за маж од Кичево за поттикнување на друго лице да запали викендица

Вчера полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал преземаа мерки за дорасветлување на кривично дело "предизвикување општа опасност" предвидено со чл.288 од КЗ, извршено на 4.12.2021 со подметнување на пожар во село Кнежино, Кичевско, во викенд куќа сопственост на С.К. од Кичево, подметнат од страна на осомничениот А.А. од с.Туин, на кого претходниот ден, односно на 3.9.2022 за истото кривично дело од страна на Судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор во траење од 8 дена.

.При преземањето на мерките, поради постоење на основи на сомневање дека извршил кривично дело "Поттикнување" во врска со "Предизвикување општа опасност" по член 23 вв член 288 од КЗ, односно го поттикнал непосредниот извршител да го стори кривичното дело, лишено е од слобода лицето У.Џ.(48) од Кичево, кој со кривична пријава е предаден во ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе