Притвор за лице од Сарај кој имал марихуана и семки од канабис

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

„Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во село Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40,19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2,63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 декември, дрогата била пронајдена и одземена“, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе