Притвор за лице од Кичево кај кого полицијата пронашла марихуана

Основното јавно обвинителство од Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Гостиварскиот суд на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата „Мехмед Мехмеди", биле пронајдени 1.309,27 грама наркотична дрога – марихуана, завиткана во повеќе најлонски и мали зипер вреќички. Од осомничениот била одземена и дигитална вага, соопшти ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе