Притвор за гостиварец поради силување

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С. (49) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување".

Тој, како што соопшти МВР, на 19 месецов во домот каде живеел во вонбрачна заедница, со употреба на сила извршил обљуба врз 34-годишна жена од Гостивар.

Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар му одредил мерка притвор и тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје. 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе