Притвор за чичкото кој ги врзувал и малтретирал внуците во Градски парк

Кривичниот суд му изрече мерка 30 денa притвор на чичкото кој ги малтретирал своите внуци во Градскиот парк. Пред два дена тој го врзал за дрво 10-годишниот внук, а со прачка ја тепал неговата 10-годишна сестра. Целиот настан бил снимен и пријавен од минувач. 

Според информациите од Обвинителството, осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво.

Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност.

Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Насилниот чичко е спроведен во Истражниот затвор „Скопје".

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе