Притвор за битолчанец, во неговиот дом пронајден хероин

Истражна потстапка против едно лице поведе Основното јавно обвинителство Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот 26-годишник, на улицата „Ванче Јаневски" во Битола, биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама хероин, како и 2,14 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи на илегалниот пазар како додаток за зголемување на масата на наркотичните дроги. Исто така, биле откриени и предмети со траги од хероин – дигитална вага и ножици, кои биле употребувани за мерење и препакување на дрогата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз постапката. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе