Притвор за 69-годишниот маж осомничен дека допирал по телото малолетно девојче

Судија во претходна постапка денеска одреди мерка притвор за 69-годишник од Тетово како осомничен за кривично дело „полов напад врз дете". Тој вчеравечер беше лишен од слобода, затоа што околу 19:45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка. 

„По лишувањето од слобода СВР Тетово поднесе кривична пријава до Обвинителството за основано сомнение дека сторил кривично дел по член 188 од Кривичниот законик. Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, по изготвена и поднесена кривична пријава му определил мерка притвор од 30 дена“, информираат од СВР Тетово.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе