Притвор за 55 годишен скопјанец заради силување

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Силување, соопштија од ОЈО Скопје.

„Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело“, информираат од скопското обвинителство.

Воедно од ова обвинителство појаснуват дека осомничениот при тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци  од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. 

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе

Во Скопје се надеваат дека претстојните парламентари избори во Бугарија се една од причините поради кои владата на Бојко Борисов не попушта во врска со членството на Македонија во ЕУ.

повеќе

Упадот во американскиот Капитол што го извршија приврзаниците на Доналд Трамп како последен очаен обид да се поништи резултатот од изборите во 2020 година беше исто толку предвидлив колку и шокантен.

повеќе