Притвор и психијатриско лекување за двајца тетовчани кои нападнаа полициски службеници

Денеска Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39), двајцата од тетовско Гајре.

За нив постои основи на сомнение дека сториле кривични дела: "напад на службено лице при вршење работи на безбедноста", казниво по член 383 став 2 од Кривичниот законик и " противправно лишување од слобода" согласно член 140 став 1 од КЗ, а Л.М. и за кривично дело "неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи" казниво по член 396 од КЗ..

Со кривичната пријава двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој на А.М. му определил мерка притвор од 8 дена, додека на Л.М. мерка за безбедност- задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. А.М.ќе биде спроведен во КПУ Затвор "Скопје" во Скопје за издржување на притворот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе