Прилепчани впериле пиштол кон полицајци на наплатна рампа

Вчера во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп.

„Приведените во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема. Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе