Прилепчани сакале да ја напуштат Македонија со лажни ПЦР тестови

Вчера вo 12:20 часот, на Граничен премин „Деве Баир“, на  излез од Република Македонија, И.Б.(50) и Ф.Т.(35), двајцата од Прилеп, приложиле негативни ПЦР тестови, а по извршени проверки било утврдено дека тестовите не се издадени од соодветната лабораторија.

Од МВР информираат дека истите се одземени за понатамошна постапка.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе