Кривични пријави за насилство

Прилепчани претепале сограѓанин и му го запалиле возилото

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.В. (26) и Б.Ј. (21), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство. 

Според МВР, пред два дена еден час по полноќ оштетениот Л.П. со неговиот другар со патничко возило пежо 306 со прилепски регистарски ознаки се паркирале пред продавница на ул. „Марксова" за да купат јадење. Во еден момент до него се доближило возило ауди 3  со прилепски регистарски ознаки, во кое биле пријавените. Д.В. без никакво предупредување му удрил шамар на оштетениот.

Во тој момент, П.Л. му се извинил ако му има направено нешто лошо и им рекол дека не ги познава, но Д.В. и Б.Ј. се нафрлиле на него и го удриле по грбот и рамото. П.Л. се обидел да им побегне, а пријавените го стасале набргу и почнале да го удираат со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. По кратка борба оштетениот успеал да избега, а пријавените зеле еден клуч за тркала и една пумпа и со тие предмети почнале да го кршат возилото на оштетениот.

После тоа, Д.В. го зел возилото на П.Л. и заминал на автопатот за Битола, каде што со запалива течност го запалил и тоа изгорело целосно. Со извршеното дело Д.В. и Б.Ј. предизвикале материјална штета од 90.000 денари.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе