Пронајдени две безживотни тела

Прилепчанец ги застрелал бившата сопруга и нејзината мајка

Освен што ги убил поранешната сопруга и нејзината мајка, го ранил нејзиниот брат. 

Јавен обвинител во координација со екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на ул.  Александар Македонски во Прилеп каде утринава во  8 часот беа пронајдени две безживотни тела. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани.

Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е  наредба за обдукција над починатите.

Обезбедените траги од лице место  ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе