Прилепчанец добил кривична пријава за изработување оружје

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С. (34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело".

При претресот на домот на Д.С. лани во октомври полицајците пронашле и одзеле 18 метални алатки за брави, кутија со алати за отворање брави, десет клучеви за брави – т.н. „чешли“, повеќе видови на клучеви и повеќе видови на алуминиумски фолии.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе