СКЛУЧУВАЛЕ ДОГОВОРИ ЗА ПРЕНОС НА СОПСТВЕНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Пријави за лихвари од Прилеп, им го земале имотот на должниците ако неможеле да платат

Четворица прилепчани добија кривични пријави поради сомнение дека сториле кривично дело лихварство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Т. (39) и З.А. (43), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лихварство, предвидено и казниво по член 260 од Кривичниот законик на Република Македонија и против Г.С. (46) и Е.А. (37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лихварство, предвидено и казниво по член 260, во врска со член 24 за кривично дело помагање од Кривичниот законик на Република Македонија.

Ј.Т. и З.А. во периодот од 2012 до денес на лица кои се наоѓале во тешка материјална состојба им давале пари на заем со високи камати. Парите им ги давале по претходно склучени договори кои содржеле и спогодба за обезбедување на пренос на сопственост на недвижен имот. Договорите содржеле лажни податоци за да бидат присилени оштетените да плаќаат високи камати. Е.А. посредувал помеѓу оштетените и Ј.Т.  за одреден надомест. При потпишување на договорите кај адвокат, без да знаат за висината на каматата, оштетените доставувале имотен лист и како залог ја ставале својата куќа. Парите им биле исплаќани, а на Е.А. му била исплаќана сумата за извршеното посредство за заемот.

По извршените проверки кај нотари, било утврдено дека биле извршени заверки на потврдување на спогодба за обезбедување со пренос на сопственост на недвижен имот помеѓу Г.С. и должниците. По неисполнување на условите, биле изготвувани договори за пренос на соственост на недвижен имот помеѓу Г.С. и должниците.

З.А. се стекнал со сопственост на една куќа и возило „БМВ“, со давање пари на заем со високи камати. На 21 април 2015 година, со судска Наредба, биле извршен претрес во деловни простории на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, со истакната реклама за менувачко работење, а без истакнат назив на фирма, простории кои ги користи З.А.. При претресот биле пронајдени и со Потврда за привремено одземени предмети, биле одземени 8.980 евра, различен накит, посебно спакуван во помали кутии со впишан износ на парични средства, имиња и датум на прием на истите.

Исто така, бил пронајден и со Потврда за одземени предмети, бил одземен еден тефтер со прирачна евиденција во која имало податоци за дневно работење, продавање на девизни средства од 18 октомври 2013 до 21 април 2015 година, а за која постојат основи на сомненение дека податоците се во врска со лихварство, соопштија денес од МВР. 

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе