Пријава за насилник од Прилеп, нападнал вработени во амбуланта

Надворешна канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Л.П.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство, предвидено и казниво по член 386 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информираа од полицијата на 6 септември околу 21 часот во Приватна здравствена установа „Зероски“ на ул.„Трајко Тарцан“ во Прилеп, додека М.З. на влезната просторија од амбулантата поставувала соопштение со кое на пријавеното лице му се забранува пристап во амбулантата, дошло пријавеното лице и без повод и причина започнал вербална расправија на висок тон.  Во еден момент ја фатил за раката и почнал да ја влече. Оштетената успеала да се оттргне и со трчање влегла во амбулантата.

Сопругот на оштетената, М.З., кој работи во истата амбуланта, излегол и започнал вербално да се расправа со пријавениот. Пријавениот го удрил со нога во пределот на телото по што М.З. паднал на земја. Оштетената се обидела да му помогне на својот сопруг, но пријавениот повторно почнал да ја влече за раката при што и таа паднала на земја. По настанот, пријавениот заминал во непознат правец.  

Од нападот сопружниците се здобиле со телесни повреди констатирани со медицинска документација. За време на настанот во амбулантата биле присутни повеќе лица, две медицински сестри и неколку пациенти.  

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе