Пријава за лихвар, се заканувал на должникот и неговото семејство

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против Ш.М. (35) од с.Добридол поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела изнуда и лихварство.

Пријавениот во повеќе наврати во текот на 2016 година ја искористил тешката материјална состојба на Х.Ј. (40) од с.Добридол и на заем му давал парични средства и други вредносни предмети во износ од 1.500 евра.

Во текот на мај 2017 година од него барал да му врати износ со имотна корист од 3.700 евра.

Пријавениот му упатувал сериозни закани по неговиот и животот на членови на неговото семејството, соопшти полицијата.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе