Во Радовиш

Пријава за комар на командир на противпожарна единица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Г.К. (47) од Радовиш, командир на вод во Територијална противпожарна единица Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело комар.

Во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

На 20 октомври, велат од МВР, при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на Територијалната противпожарна единица Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин. За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен. 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе