При претрес во Скопје најден амфетамин, едно лице приведено

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје - Единица за недозволeна трговија со дрога и оружје, го лишија од слобода С.В(42) од Скопје.

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје беше извршен претрес во домот на С.В., при што биле пронајдени 13 полиетиленски пакувања со бела грутчеста материја, ќеса со три поголеми пакувања со бела грутчеста материја, едно пакување со поголема грутка бела материја за кои постојат основи на сомневање дека е синтетичка дрога амфетамин, три дигитални ваги и една дробилка, како и пиштол „Црвена застава“ калибар 65 со една рамка и три куршуми.

Лицето е приведено во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе