При претрес во куќа пронајден динамит

При претрес во семејна куќа, делчевската полиција пронашла 29 прачки динамит и фитил. Динамитот како што соопштија од полицијата уредно бил складиран во тавански простории од претресената куќа.

„Динамитот е пронајден во домот на 67-годишниот М.Ц., кој не живеел во куќата. Се уште се истражува дали динамитот е складиран од споменатото лице или таму го оставил некој од неговото семејство, како и трети лица“, информираат од полицијата.

Според МВР, се уште се утврдува потеклото, како и намерата зошто бил наменет динамитот.

Подигнатите експлозивни предмети по запленувањето се предадени во канцеларијата на Дирекцијата за заштита и спасување во Делчево.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе