При претрес во неговиот дом и други простории и во неговото возило „Гранд Чироки", со кичевски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Екол специјал 99" со празна рамка и пет моторни пили.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.