При истовар на камион откриени двајца мигранти

Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера во Виница го лишиле од слобода Џ.С.(51) од с.Романовце, кумановско, откако при истовар на товарно возило и полуприколка со кумановски регистарски ознаки во фабрика во Виница биле пронајдени две лица мигранти, А.Ј.(23) и М.Н.(26), двајцата од Сирија.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе