Превезувал патници до Виена,а парите од билетите ги земал за себе

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.М. (58) од Прилеп, вработен како возач во ДПУТТ ,,Хаџи травел" ДООЕЛ Прилеп и против наведеното правно лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување" и „фалсификување или уништување на деловни книги" и против И.А. (24) од Прилеп, управител на ДПУТТ ,,Хаџи травел", поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „даночно затајување" во врска со кривично дело „помагање", „фалсификување или уништување на деловни книги" во врска со кривично дело „помагање" и ,,злоупотреба на службена положба и овластување".

Како што информираа од полицијата првопријавениот, во периодот од 1 јануари до 31 декември година, во име на правното лице „Хаџи Травел“ ДООЕЛ организирал и вршел меѓународен линиски превоз на патници на релација Битола - Виена и обратно, а остварениот приход од продажба на билети не го евидентирал во книговодствените евиденции и не го внел на сметката на правниот субјект. На ваков начин остварил приход од 3.864.650 денари од превоз на патници, а паричните средства не ги внел на сметката на правното лице, односно ги искористил за сопствени потреби без при тоа да пресмета и плати персонален данок на доход по пресметковна даночна стапка од 11,11% во износ од 429,363 денари. 

Првопријавениот, велат од полицијата, од сметката на правното лице подигнал  1,470,889.00 денари по основ материјални трошоци  без за истото да изготви и достави документација за економската оправданост, и не уплатил персонален данок на доход по пресметковна даночна стапка од 11,11% во износ од 163,416. денари. Првопријавениот  изготвил тримесечни даночни пријави со невистинита содржина и завршна сметка за 2016 година во која прикажал помал износ на остварен приход и на таков начин избегнал да плати данок на добивка односно данок на вкупен приход - (за кои цели и бил регистриран) по пресметковна даночна стапка од 1 % од вкупниот приход, односно 1% од 5,335,539 денари или го оштетил Буџетот на Република Македонија (во понатамошниот текст РМ) во износ од 53,355.00  денари.

Второпријавената во текот на 2016 година му помогнала на првопријавениот на  начин што го ополномоштила да управува со правниот субјект и му ги ставила на располагање сите средства кои субјектот ги поседува, овозможувајќи му да врши дејност меѓународен линиски превоз на патници (иако субјектот не поседувал дозвола за тоа) и да не го евидентира приходот од работењето на правното лице, а во даночните пријави за ДДВ за 2016 година допуштила да внесе невистинити податоци и такви да ги достави до Управата за јавни приходи.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе